дома Локално Пожарот на депонијата „Краста“ ставен под контрола

Пожарот на депонијата „Краста“ ставен под контрола

  ЈП „Чистота и Зеленило“ денеска интервенираа со механизација за гаснење на пожарот на депонијата „Краста“, лоцирана на патот Куманово–Пчиња. Според директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, пожарот бил пријавен во текот на ноќта, а благодарение на брзата реакција на екипите, во моментов е ставен под контрола.

  Пожарот бил евидентиран околу два часот по полноќ, а  Томиќ посочи дека депонијата „Краста“ претставува долгогодишен проблем за општината.

-Проблемот со депонијата Краста не е од вчера, туку повеќе од една деценија. Месечно депонираме околу 2.000 до 2.200 тони отпад. Оваа депонија практично не ги исполнува стандардите и претставува обично заградено ѓубриште- додаде Томиќ.

За утре е најавена средба меѓу жителите од Пчиња и претставници на комуналното претпријатие, на која ќе се разговара за понатамошни чекори за решавање на проблемот, макар да почне ѓубрето да се покрива со земја а за тоа да се обезбеди механизација.

ПредходнаБран семејно насилство за едно деноноќие, две лица приведени
СледнаСП:Предвремени парламентарни избори следната година?