дома Македонија Судење за пратеникот на Левица Сашко Јанчев

Судење за пратеникот на Левица Сашко Јанчев

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето против пратеникот на Левица Сашко Јанчев кој е обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски.
Несреќата се случи на 14 септември минатата година во скопското село Марино кога со возилото свртел без да се увери дека нема да загрози други учесници во сообраќајот и во неговото возило удрил мотор кој го управувал Димовски.
Јанчев се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а според Обвинителството, моторот кој го управувал Димовски не бил регистриран и бил без вградени светлосни уреди. Шеснаесетгодишниот Димовски немал возачка дозвола, а тој и неговата 13-годишна сопатничка не носеле заштитни кациги.
Семејството на Димовски во пресрет на рочиштето преку писмен допис изрази незадоволство од ставот на обвинетиот Јанчев кој изјави дека не се чувствува виновен.

ПредходнаГлавната задача со која се соочува Унгарија е демонтирање на наследството на Орбан
СледнаВозач на камион од Македонија удрил во ограда на автопат и изгорел во кабината