дома Локално ГРОМ бара вонредна седница на Советот во Карпош

ГРОМ бара вонредна седница на Советот во Карпош

Советниците од ГРОМ во општина Карпош бараат вонредна седница на која ќе се расправа за новонастанатата состојба откако актуелниот градоначалник Сотир Лукровски го назначи Неделчо Крстевски да го заменува во негово отсуство.
– Денес, Крстевски држел колегиум во општина Карпош. Тоа е доказ дека тој не се однесува како лице со техничко овластување за потпис туку како фактички градоначалник. Карпошани не гласаа за него. Овластување за потпис не е мандат од народот, изјави Добрила Андоновска.
Советниците од оваа партија бараат да се разговара за статусот на градоначалникот Лукровски и за овластувањата дадени на друго лице.
– Советот мора да знае што се случува во Општина Карпош, вели Андоновска.
Според ГРОМ, јавна тајна е дека Лукровски два пати сакал да си поднесе оставка. Велат – ако Лукровски не може да ја извршува градоначалничката фунција, чесно е да си поднесе оставка и да има вонредни локални избори.
Во петокот беше објавено дека Лукровски го назначил советникот во општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски да има овластувања во негово отсуство.

ПредходнаДелови од Куманово утре и задутре без струја
СледнаОд полноќ поевтин дизел за 4 денари