дома Македонија Муцунски тврди дека во Брисел немал средба со бугарската колешка, за терминот...

Муцунски тврди дека во Брисел немал средба со бугарската колешка, за терминот „северномакедонци“ вели дека е несоодветен

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски негира дека во Брисел имал средба со новата бугарска министерка за надворешни работи Велислава Петрова – Чамова, а користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ вели дека е несоодветно и порачува Македонците се Македонци.
– Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“.
Воедно, би сакал да потсетам дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит, вели Муцунски во објава на Фејсбук.
Муцунски се надева дека наскоро ќе има средба со неговата бугарска колешка, како што вели, во пријателска и позитивна  атмосфера, насочена кон градење добрососедски односи и нашата заедничка европска иднина.
ПредходнаКрмов: Ајде баш да видиме дали СДСМ ќе блокира една изборна единица
СледнаОблачно со ветер со брзина до 80 километри на час