дома Македонија Економија Какви горива ќе точиме од полноќ, РКЕ ќе ги објави новите цени

Какви горива ќе точиме од полноќ, РКЕ ќе ги објави новите цени

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги објави новите цени на горивата.

Минатата недела РКЕ ги зголеми цените во просек за 3,47 проценти поточно бензините ги поскапе за два ипол денари за литар, а дизелот за два денари за литар.

РКЕ ги објавува новите цени на горивата секој понеделник, а тие почнуваат да важат од полноќ.

Цената на нафтата на светските берзи осцилира, а од Владата велат дека будно ја следат состојбата на Блискиот исток и доколку има потреба ќе интервенира. Засега до 18 мај остануваат на сила попустите што се договорени со рафинеријата ОКТА.

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека во регионот имаме наевтини горива и дека граѓани од соседните држави доаѓаат кај нас да точат гориво.

 

ПредходнаПретпладне облачно со сонце, попладне локален дожд
СледнаТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“