Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда што Кривичниот суд ја донесе за таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска. На денешната седница на Апелација, вишиот јавен обвинител рече дека во пресудата нема анализа на доказите.
– Алексадар има клучна улога од првото до второто дело. Се до неделата во попладневните часови, одлука за грабнување на Вања, нема. Токму кога е донесена одлуката, Палевски ги повикува Манев и Видевски да дојдат во Скопје. Во моментот кога се во партијата Десна, тогаш таткото им праќа порака на децата да се облечат небаре ќе одат на планина, посочи обвинителот Дарко Јакимовски.
Одбраната на Александар очекува Апелација да ја потврди пресудата од Кривичниот суд.
– Жалбата на Обвинитеството е неоснована. Првостепениот суд донесе единствено праведна одлука во ситуација кога јавниот обвинител во завршните јасно и недвосмислено кажа дека докази за Александар немаат. И денес јавниот обвинител се задржа на образложението зошто нема докази, изјави Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар.
дома Македонија Обвинителството бара преиспитување на пресудата за таткото на Вања, одбраната потврда на...




