Нутриционистите истакнуваат дека дури 20 отсто од дневниот внес вода може да се замени со крута храна, поточно со овошје и зеленчук кои содржат најмалку 90 отсто вода во својот состав
Златно правило кое скалата на здравјето и оптималната тежина ги држи под контрола е консумирањето осум чаши вода дневно, што за многумина изгледа како невозможна задача. Но, нутриционистите истакнуваат дека дури 20 отсто од дневниот внес вода може да се замени со крута храна, поточно со овошје и зеленчук кои содржат најмалку 90 отсто вода во својот состав. Ви претставуваме неколку производи кои заменуваат две чаши вода дневно!
Домати
Содржина на вода: 94,5 отсто
Резанките и коцките од домати со малку сирење можат да бидат одличен меѓуоброк, додека на главниот оброк му го креваат нивото на бенефитот за телото. Доматите содржат речиси 95 отсто вода во својот состав поради што експресно го хидрираат телото.
Целер
Содржина на вода: 95,4 отсто
Целерот има мошне малку калории, само шест по стебленце, додека неговите влакна и вода помагаат во контролирањето на чувството за глад и апетитот. Целерот содржи фолни киселини и витамин А, Ц и К, додека благодарение на високата количина вода, целерот ја неутрализира желудочната киселина и често се препорачува како природно средство во борбата против киселоста во стомакот.
Зелена пиперка
Содржина на вода: 93,9 отсто
Пиперките од сите бои имаат висока содржина на вода, но зелените пиперки се пред сите, додека жолтите и црвените имаат нешто помала количина вода (приближно 92 отсто).
Карфиол
Содржина на вода: 92,1 отсто
Густите цветни листови кафиол освен што содржат многу вода, изобилуваат со витамини и фитонутриенти за кои се покажало дека го намалуваат холестеролот. Карфиолот е најдобро да се консумира свеж, најлесто е да се вметне во сендвич или салата. Кога станува збор за готвење најдобро е да се обари при што тој ќе ги зачува сите здрави хранливи материи.
Спанаќ
Содржина на вода: 91,4 отсто
Спанаќот е богат со лутеином, калиум и влакна кои го освежуваат мозокот, а само една шолја сирови листови содржи 15 отсто од дневните потреби за витамин Е – антиоксидант важен за борбата против слободните радикали. Додавањето на листови спанаќ во сендвичот или салатата, овозможуваат одлична хидратација со додаток на хранливи вредности.
Краставица
Содржина на вода: 96,7 отсто
Краставицата содржи најголема количина вода од сите производи, што ја прави совршена за грицкање и додаток во какви било јадења.
Брокула
Содржина на вода: 90,7 отсто
Брокулата изобилува со влакна, калиум, витамините А и Ц, но содржи и сулфорафан – силна состојка кој ги зајакнува телесните природни ензими и ги исфрла хемикалиите од телото. Брокулата е вистинско чудо за дехидратацијата.
Грејпфрут
Содржина на вода: 90,5 отсто
Грејпфрутот помага да се намали холестеролот и да се стесни обемот на половината, а истражувањата покажале дека еден грејпфрут дневно го намалува холестеролото за дури 15 отсто. Освен тоа, половина грејпфрут пред секој оброк, покажало истражувањето, влијаело на губитокот на 1,5 килограм во текот на 12 недели диета. Грејпфрутот ги согорува маснотиите и го регулира шеќерот во крвта, што го прави одличен сојузник во борбата со килограмите.
Млад морков
Содржина на вода: 90,4 отсто
Младиот морков содржи двојно поголем удел вода отколку кога ќе дојде во последната фаза на растењето – исечкан на ленти и послужен со здрав намаз е идеален како меѓуоброк. Освен тоа, нутриционистите препорачуваат да го консумирате и по оброкот за да ја намалите потребата по „грешните“ производи.




