Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h.
Утринските температури ќе бидат во интервал од 7 до 13, а дневните од 18 до 31 степени.
Во Скопје, слично време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Променливото време со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд ќе се задржи до крајот на неделата. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град.




