Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека актуелниот градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски не поднел оставка. Вели дека е на боледување и му посака побрзо оздравување, а на назначувањето на заменик-градоначалникот рече дека се е согласно закон.
– Не знам од каде ви е заклучокот дека градоначалникот на Карпош дал оставка, градоначалникот е на боледување. Моментално имаме законски избран заменик-градоначалник кој го заменува додека е на боледување, вели Муцкоски во првата изјава поврзана со овој случај.
Мицкоски не сакаше да открие детали околу здравствената состојба на Лукровски но оние кои се сителе на тоа, ги нарече политички глодари.
– За здравствената состојба, ниту сум овластен ниту сакам да ја коментирам. Имаше такви политички глодари кои излегоа и се ситеа на здравствената сотојба на тој човек. Јас нема да ги коментирам тие политички глодари, рече Мицкоски.
Откако минатиот петок официјално беше соопштено дека Лукровски е на боледување и дека го има назначено Неделчо Крстевски, член на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да го менува, советниците од ГРОМ и од СДСМ побараа вонредна седница на Советот на која ќе се разговара за актуелната ситуација во општината.
Поранешниот прв човек на Карпош, Стевчо Јакимовски тврди дека не се работи за боледување туку за повлекување на Лукровски. Во објава на Фејсбук, Јакимовски прашува зошто Лукровски е избришан од Централниот регистар, а впишан е Крстевски.




