дома Македонија Николовски: Монтиран случај за да се скријат вистинските проблеми

Николовски: Монтиран случај за да се скријат вистинските проблеми

Поранешниот прв човек на Министерството за земјоделство и актуелен пратеник Љупчо Николовски за неговото повикување во полициска станица вели дека станува збор за “монтиран случај“, со кој актуелната власт се обидува да го дефокусира вниманието од проблемите во земјоделството.

    – Толку им требаше на актуелното раководство за да се обиде да ја покрие сопствената неспособност и криминал и тоа напаѓајќи ја најуспешната реформа во земјоделството, вели Николовски во објава на Фејсбук.

Случајот, вели Николовски, се отвора во период кога, според него, има големо незадоволство кај земјоделците поради доцнење на субвенциите, ниските откупни цени и поништените повици за рурален развој.

– Кога владата не може да се справи со вистинските проблеми, се вклучува пропагандната машинерија за дефокус, вели Николовски.                                                            Се осврнува на реформите спроведени во неговиот мандат, нагласувајќи дека биле отворени над 270 нови семејни винарии, легализирани над 4.000 мали производители на храна и создадени околу 1.000 нови етикети македонско вино.

– Тоа е реформата за која ме напаѓаат, вели Николовски нагласувајќи дека предметот не се однесува на прекршување на Законот за јавни набавки, ниту пак произлегува од пријава од земјоделци.

 

ПредходнаМНТ на 19 мај со хуманитарна изведба на Торонто експрес
СледнаВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Абази