дома Македонија Економија Цената на нафтата повторно скока, РКЕ во понеделник ќе носи нова одлука

Цената на нафтата повторно скока, РКЕ во понеделник ќе носи нова одлука

Цените на нафтата на светските берзи повторно скокнаа, а по која цена ќе точиме горива ќе биде познато во понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука.

Попустот на горивата што го дава ОКТА трае до понеделник, а дотогаш важат и мерките што ги донесе Владата за ублажување на кризата предизвикана од случувањата на Блискиот Исток намалувајќи ја стапката на ДДВ на 10 проценти и акцизата за горива за два денари.

Во понеделникот РКЕ донесе одлука со која цената на дизелот ја намали за четири денари за литар, а на Еуросупер БС-98 за половина денар, додека цената на Еуросупер БС-95 остана непроменета.

ПредходнаМицкоски во Кичево, ќе прави увид во инфраструктурни проекти
СледнаДимитров- Ставот на Претседателката треба да се поздрави. Преспанскиот договор е најсилно оружје за идентитетот и треба да се искористи