дома Локално Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи

  Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите.

Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ.

Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со настапи на DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk.

По 18:00 часот, програмата продолжува со настапите на DJ Resident, Hat and Harmony, DJ Bella, Мијата, Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд.

Организаторите најавуваат дека јубилејното 15-то издание на „Виноскоп“ ќе продолжи со вино, музика и фестивалска атмосфера под отворено небо.

ПредходнаВо Кочани почна 63. Драмскиот аматерски фестивал на Македонија
СледнаСДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за фирмата Мастеф ДООЕЛ Скопје