дома Локално Променливо и ветровито

Променливо и ветровито

Променливото време ќе се задржи и денеска. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец кој наместа ќе дува со брзина од над 60 km/h.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец.

Променливото време ќе се задржи и во следните денови. Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени, а дневните од 17 до 26 степени.

ПредходнаДо 1 јуни ќе важат намаленото ДДВ и намалената акциза за горивата
Следна„Прв до врв“ по 14. пат на Водно