дома Култура Претседателката на ДЛУМ со нов четиригодишен мандат

Претседателката на ДЛУМ со нов четиригодишен мандат

Досегашната претседателка на Друштвото на ликовни уметници Јана Манева-Чупоска останува на чело на ДЛУМ уште четири години.

ДЛУМ соопшти дека таа била избрана на вчерашното годишно собрание и дека била единствен кандидат за оваа функција. Со тајно гласање било избрано и новото раководство на Друштвото со мандат до 2030 година.

– Претходните членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор поднесоа колективна оставка една година пред истекот на мандатот. Оваа одлука овозможи предвремени избори со цел целосна синхронизација на сите органи со мандатот на претседателот, создавајќи нов четиригодишен тим кој заеднички ќе ја преземе одговорноста за работата на Друштвото. Новиот тим во следните четири години ќе се фокусира на унапредување на ликовната уметност и зајакнување на позициите на македонските уметници, стои во соопштението од ДЛУМ.

 

ПредходнаСАД: Фабриката за сладолед „Штраус Фемили“ ги повлекува своите производи од 17 американски држави
СледнаKaĸo нaфтeнaтa ĸpизa мoжe дa ce пpeтвopи вo глoбaлeн eĸoнoмcĸи ĸoлaпc?