дома Локално „Прв до врв“ по 14. пат на Водно

„Прв до врв“ по 14. пат на Водно

На Водно денеска ќе се одржи 14. издание на манифестацијата „Прв до врв“ кој на едно место ги обединува и спортистите и рекреативците.

Предвидени се пет натпреварувачки категории – планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, E-Bike и Тим-билдинг трка за компании: Summit Run.

– Трките во велосипедизам ќе започнат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим-билдинг трката ќе стартуваат директно пред училиштето во 10:00 часот. Патеките вклучуваат контролни точки кај полицијата, Средно Водно и пред целната линија на врвот, информираат организаторите.

Секој учесник што ќе ја заврши трката ќе добие финишер медал, а Шпаркасе Банка, како главен поддржувач обезбедува награден фонд од 1.000 евра за нови рекорди.

 

ПредходнаПроменливо и ветровито
СледнаДенеска посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно