дома Македонија Економија Владата ги продолжи мерките за горивата, РКЕ денес одлучува за цената

Владата ги продолжи мерките за горивата, РКЕ денес одлучува за цената

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на горивата откако Владата во саботата на вонредна седница ги продолжи мерките за горивата до 1 јуни.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува со продолжувањето на мерките за намалена акциза и намалено ДДВ за горивата и понатаму да имаме најниски горива во регионот.

– Со тоа ние како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата, рече Мицкоски.

Владината одлука донесена во саботата предвидува продолжување на мерката за намалено ДДВ за горива од 18 на 10 проценти и намалена акциза од четири денари за дизелот и два денари за бензинот донесени за ублажување на последиците од кризата на Блискиот исток.

 

ПредходнаВо општина Аеродром акција за собирање кабаст отпад
СледнаФилипче за Нова.рс за политичко-финансиската мрежа што ги поврзува Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски