Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 11 степени, а дневните од 15 до 25 степени.
Во Скопје, не се очекува дожд. Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Од четврток повторно се очекува облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




