дома Македонија Политика Работна средба во Владата: Мицкоски, Касами и Меџити бараа уставно решение за...

Работна средба во Владата: Мицкоски, Касами и Меџити бараа уставно решение за правосудниот испит

Денесka претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.

Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината.
Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава.

Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност.

 

Предходна(ВИДЕО) Шукова: Бараме разрешување на Неделковски од Вардар и блокирање на видеата на Тасевски
СледнаToлку беше. Нафтата и бензинот драстично поскапуваат