дома Локално Утре пороен дожд и невреме

Утре пороен дожд и невреме

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.

Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километри на час краткотрајно во форма на невреме.

Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира Упразвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека и во Скопје, во следните денови времето ќе биде променливо со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

ПредходнаНападнат малолетник во Аеродром, повреден и 25-годишник кој сакал да го одбрани
СледнаМуцунски: Ќе чекаат сите на граници, ние бараме можно олеснување во шпицот со Грција