дома Македонија Економија Хрватска воведува долгорочни визи за професионалните возачи, објави Николоски

Хрватска воведува долгорочни визи за професионалните возачи, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук објави дека професионалните возачи ќе добиваат долгорочни визи за Хрватска.

            – Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава, напиша Николоски на Фејсбук.

Швајцарија веќе издава долгорочни визи, а Николоски очекува и други држави да се приклучат.

ПредходнаЃорѓиевски од Форумот на ЕУСАИР: Испраќаме силна порака дека кога работиме заедно можеме многу повеќе
СледнаМицкоски со повик за обединување за националните интереси