дома Локално Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен...

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд

 Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер – над 60 километри на час и услови за појава на град.

Во понеделник се очекуваат изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

ПредходнаМицкоски очекува Вишото обвинителство правилно да постапи по жалбата на ЕСМ за мазутот
СледнаУапсена сопственичката на кравите во кривопаланечко