дома Локално Променливо со северен ветер, од утре пороен дожд и грмежи

Променливо со северен ветер, од утре пороен дожд и грмежи

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец кој ќе дува со брзина над 50 km/h.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14, а максималната од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во петок и во деновите од продолжениот викенд времето ќе нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

ПредходнаСашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025
СледнаКампања за сопственичките права на недвижниот имот