дома Локално Старото скопско корзо вечерва повторно ќе заживее

Старото скопско корзо вечерва повторно ќе заживее

Општина Центар вечерва со почеток во 19 часот ќе го оживее некогашното корзо. Настанот ќе почне од плоштадот „Македонија“ со прошетка низ старото скопско корзо, а ќе заврши во основното училиште „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи игранката.

                                 Ќе прошетаме покрај Ристиќева палата, поранешниот хотел „Македонија“, „Кенан“, „Ванила“ и „Громби“ – местата каде што се создаваа најубавите спомени. Ќе се потсетиме на златните скопски времиња, кога корзото беше центар на светот, место каде што се раѓаа првите симпатии и љубови, а еден поглед значеше повеќе од илјада пораки на мобилен телефон“, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

ПредходнаНајстудено во Маврови Анови и Лазарополе, најтопло во Гевгелија
СледнаАрапите ја масакрирале Сицилија. Опсадата на Сиракуза