дома Свет Балкан Вучиќ најави избори во периодот од септември до ноември

Вучиќ најави избори во периодот од септември до ноември

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека изборите ќе се одржат во периодот од септември до ноември.
Во случај да победи друга партија, Вучиќ рече дека ќе ги признае резултатите од изборите, но порача и дека секогаш ќе се залага за дијалог.
            – Ќе се борам за обединета Србија, но тоа не значи дека ќе постои едноумие. Тоа значи дека кој ќе има мнозинство, тој ќе го спроведе својот план и програма, рече Вучиќ за емисијата “Четврток во девет”.
Вели негова цел е Србија да се гради, развива и да биде модерна.
Говорејќи за протестите, Вучиќ рече дека станува збор за непријавени „криминални собири“.
– Ги окупираат патиштата, улиците, се занимаваат со насилство цело време, рече Вучиќ.

ПредходнаОставка поднесе шефицата на американското разузнавање
СледнаОбвинителството бара притвор за возачот на камион во несреќата кај скопската обиколница