дома Свет Балкан Јанез Јанша избран за мандатар на новата влада во Словенија

Јанез Јанша избран за мандатар на новата влада во Словенија

Парламентот на Словенија денеска го избра Јанез Јанша за мандатар на новата влада. Јанша е избран со тајно гласање, а за него гласаа 51 пратеник, а 36 пратеници гласаа против.

По изборот, Јанша положи заклетва и се обрати на пратениците.

– Денес е направен важен чекор кон успешна и слободна Словенија. Ви благодарам и нема да има никакви отстапки, порача Јанша.

На изборите одржани на 22 март, движењето Слобода на актуелниот премиер Роберт Голоб доби 28 мандати во Словенечкиот Парламент, додека Словенечката демократска странка на Јанез Јанша 27 места.

Бидејќи никој не успеа да обезбеди мнозинство, претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар одлучи на никого да не му го довери мандатот за составување на нова влада и постапката за избор на мандатар да ја препушти на Парламентот.

ПредходнаМуцунски се сретна со Велислава, ги повторил македонските позиции
СледнаСредба Муцунски – Велислава, двете страни со свои барања