дома Локално Нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и засилен ветер

Нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и засилен ветер

Променливо облачно и нестабилно време се очекува денес. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 km/h. На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната од 20 до 28 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

За време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Преодно стабилизирање ќе има во вторник и во среда, а веќе од четврток повторно се најавуваат дождови.

ПредходнаИлјадници луѓе го поддржуваат Раул Кастро на Куба против обвинувањата на САД
СледнаAxios: Трамп размислува за нови напади врз Иран доколку разговорите не успеат