дома Македонија Почна судењето против судијата Ристов, тој не се чувствува виновен

Почна судењето против судијата Ристов, тој не се чувствува виновен

Почна судењето против поранешниот судија во Апелациониот суд Ѓоко Ристов откако во семејниот дом на неговите родители во Неготино беа пронајдени соѕидани 350 илјади евра.

Ристов се изјасни за невин за кривичните дела за кои се товари.

– Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација, изјави Ристов.

Обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека Обвинителството ќе докаже дека соѕиданите пари се на Ристов и дека тој нема законско покритие за нив.

Одбраната првично тврдеше дека парите не се на Ристов, туку на неговите родители од продаден имот.

Случајот се разврза откако поранешниот државен правобранител и адвокат Фехмо Стафа беше фатен при примање 50.000 евра. Во истрагата, тој посочи дека парите биле наменети за судијата Ристов, со цел посредување за укинување на мерка притвор.

 

ПредходнаСДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
СледнаСудијата Ристов не се чувствува виновен за заѕиданите пари — Обвинителството ќе мора да докаже дека криел имот и перел пари