дома Бизнис Цените на нафтата паднаа за пет проценти, близу до петнеделниот минимум

Цените на нафтата паднаа за пет проценти, близу до петнеделниот минимум

Цените на нафтата на светските пазари паднаа за околу пет проценти во среда, близу до петнеделниот минимум.

 

После тоа, меѓународната референтна сурова нафта Брент се тргуваше по околу 96 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI беше 89 долари за барел, објави „Трејдинг економикс“.
Причината за овој пад се очекувањата за можен мировен договор меѓу САД и Иран, што би можело да доведе до повторно отворање на Ормускиот теснец и стабилизација на снабдувањето со енергија.
Оптимизмот на пазарот следеше по извештајот на иранската државна телевизија за наводен нацрт на привремен договор за прекин на конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон, иако Белата куќа ги отфрли обвинувањата како „целосна измислица“.
Евентуалното повторно отворање на Ормускиот теснец, низ кој минуваат околу 20 проценти од глобалната нафта и течен природен гас, би можело значително да го намали притисокот врз светскиот пазар на енергија.
Сепак, клучните прашања остануваат нерешени, вклучувајќи го пристапот до замрзнатите ирански средства и гаранциите за безбедно поминување на бродовите низ теснецот.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека преговорите би можеле да потраат уште неколку дена, додека иранските претставници потврдија дека индиректните разговори со Вашингтон ќе продолжат.
Ормутскиот теснец останува во голема мера затворен, иако два супертанкери, кои не се поврзани со Иран, поминаа низ стратешката бродска линија за прв пат по една недела во вторник.

ПредходнаСаркози се изјасни за невин во случајот со Либија
СледнаФранцускиот премиер Ле Корнеј денес ќе претседава со меѓуминистерски состанок за борбата против топлотните бранови