дома Свет Малта: Лабуристите победија на изборите по четврти пат по ред

Малта: Лабуристите победија на изборите по четврти пат по ред

  Малтешкиот премиер Роберт Абела ја прогласи четвртата последователна победа на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори во неделата.

„Ова е победа за сите луѓе, врз основа на програмата што ја презентиравме за сите граѓани“, изјави Абела пред новинарите, додавајќи дека резултатите покажуваат дека неговата партија „освоила силен мандат“.

„Да го одржиме духот на националното единство и заедно да ја водиме земјата напред“, рече тој.

Новинарите што го следеа пребројувањето на гласовите објавија дека Лабуристичката партија освоила убедливо парламентарно мнозинство, иако се чинеше дека е послабо отколку во 2022 година, кога освоија 55 проценти од сите изборни гласови.

Чарлс Бонело, генерален секретар на опозициската Националистичка партија, го призна поразот, но истакна дека неговата партија сепак успеала значително да го намали мнозинството на Лабуристите.

Изборите се одржаа во саботата со излезност од 87,4 проценти, што е мало зголемување во споредба со последните парламентарни избори во 2022 година.
Абела, кој го наследи Џозеф Мускат како лидер на Лабуристичката партија во 2020 година, ќе положи заклетва во понеделник наутро.

ПредходнаГардијан открива како фирма блиска до Трамп влегува во енергетски бизнис од милијарда долари на Балканот
СледнаИзраелската армија ја освои стратешки важната тврдина Бофорт во јужен Либан