дома Локално На почетокот на работната недела сончево и топло

На почетокот на работната недела сончево и топло

На почетокот на работната недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје, слично време со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи попладне во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.

ПредходнаРакометарите на Охрид го освоија Европскиот куп
СледнаАмерика го нападна Иран. Сирени во Кувајт