дома Живот Здравје Медицински истражувачи бараат експериментална употреба на лек за рак на панкреас

Медицински истражувачи бараат експериментална употреба на лек за рак на панкреас

Медицински истражувачи од Пиза испратија барање од конгресот на ASCO во Чикаго до американската биотехнолошка компанија „Револушн медисин“ да дозволи експериментална употреба во Европа на лекот дараксонрасиб, за кој е докажано дека го дуплира преживувањето кај пациенти со метастатски рак на панкреас.


„Ја замоливме компанијата да дозволи експериментална употреба за Европа, а со тоа и за Италија, и тоа да го стори што е можно поскоро“, изјави Кјара Кремолини, раководител на програмата за испитување во Универзитетската болница во Пиза, пренесува ANSA, наведувајќи дека ова ќе им овозможи на пациентите пристап до лекот преку специјализирани центри пред официјално одобрување.
Во меѓувреме, во Соединетите Американски Држави, каде што се чека одобрување од FDA за овој лек, веќе е во сила проширена програма за пристап до дараксонрасиб.
„Овој лек доведе до продолжување на преживувањето кај пациенти со метастатски рак на панкреас. Следниот чекор кон кој се стремиме е да можеме да ја прошириме употребата на лекот кај пациенти во порани фази на болеста и без метастази, со цел да се постигне лек“, нагласи Кремолини.

ПредходнаПочина спортскиот новинар и коментатор Един Авдиќ
СледнаПетра Дуганџиќ повеќе не е русокоса, таа покажа нов изглед