дома Локално Водовод со важно известување до граѓаните – Последен ден за отплата без...

Водовод со важно известување до граѓаните – Последен ден за отплата без камата

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја информира јавноста дека денеска (5 јуни) е последен ден од акцијата за отплата на заостанати долгови за потрошена вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Од претпријатието ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода, како тужен така и редовен, да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.

Од „Водовод и канализација“ појаснуваат дека одлуката не се однесува на државните и локалните органи, како и на институциите основани согласно закон, меѓу кои агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или општините.

По истекот на денешниот ден, акцијата за отплата на долговите без камата престанува да важи, информираат од претпријатието.

ПредходнаФранција и Германија го објавија новиот предлог за постепено проширување
СледнаГодишната стапка на инфлација во Турција се искачи на 32,6 проценти во мај, над очекувањата на експертите