Излезноста до 11 часот на изборите на Косово е 8,33%, а највисоката излезност сè уште е во српските области, во Звечан 21,59%, според податоците од Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина.

Според податоците објавени на веб-страницата на ЦИК, во северниот дел на Косовска Митровица, излезноста до 11 часот била 18,72 проценти, во Зубин Поток 13,99 проценти, во Ново Брдо 18,09 проценти, во Ранилуг 19,22 проценти, во Грачаница 19,18 проценти, Лепосавиќ 8,91 процент, во Штрпце 11,29 проценти, во Клокот 9,85 проценти и во Партеш 11,67.
Кога станува збор за албанските заедници, излезноста во Приштина била 11,37 проценти, во Јужна Митровица 8,35, во Липљан 8,42 проценти, во Пеќ 8,06, во Подуево 7,25, во Призрен 6,44, во Мамуша 6,31, а најмала излезност имало во Драгаш, од 3,50.
Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот.
Собранието на Косово има 120 места, од кои 10 се загарантирани за српски претставници.
На претставниците на несрпските немнозински заедници им се загарантирани и 10 места, а албанските партии се натпреваруваат за 100 места.
Од српската заедница, на изборите учествуваат најсилната српска партија во Покраината – Српската листа и Партијата за слобода, правда и опстанок.
Српската листа го повика српскиот народ на обединување и изјави дека нејзина цел е да ги освои сите 10 места загарантирани за Србите со цел да ги заштити интересите на српскиот народ.
Високо рангираните српски функционери, исто така, ги повикаа Србите да гласаат за Српската листа, нагласувајќи дека гласот за Српската листа е глас за опстанок и останување на српскиот народ во Косово и Метохија.




