дома Македонија Кој го држел пенкалото, прашуваат родителите на загинатите во Пулс откако ексдиректорот...

Кој го држел пенкалото, прашуваат родителите на загинатите во Пулс откако ексдиректорот на ДЗС негираше дека потписот е негов

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс по денешното судско рочиште на кое поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу негираше дека е негов потписот на документите што како докази ги презентираше Обвинителството, сметаат дека тоа отвара уште посериозни прашања.

– Слушнавме дека дел од потписите не биле на обвинетиот. Иако на документите стоело неговото име како директор, остана впечаток дека најголемото прашање повеќе не е кој ја водел институцијата, туку кој го држел пенкалото, изјави Александар Наунов од Здружението „16 Март“.

Според него, ако навистина потписот не е на Салиу, туку некој други ги потпишувал документите тогаш тоа значи дека имало системски пропусти.

– Ако некој можел да става туѓ потпис, да поминуваат планови и извештаи без знаење на раководството, тогаш прашањето е каде била контролата, рече Наунов.

 

ПредходнаАмериканците ја губат вербата во „американскиот сон“ и тoa дека САД се посебна земја.
СледнаУХМР алармира за невреме: Пороен дожд, грмежи и суградица во Охрид, Крушево и Македонски Брод