дома Македонија Ништо не е исклучено, вели Мицкоски за можноста за предвремени избори во...

Ништо не е исклучено, вели Мицкоски за можноста за предвремени избори во 2027

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста следната година во април да бидат организирани предвремени парламентарни избори.

– Ништо не е исклучено, рече Мицкоски на денешниот брифинг со медиумите.

Според власта, досегашните истражувања за рејтингот на партиите покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, кое како што беше кажано, изнесува околу 25,5 проценти за разлика од СДСМ која има 8,6 проценти.

Мицкоски останува на ставот дека во втората половина од овој месец ќе биде направена реконструкцијата на Владата.

ПредходнаЕвропските лидери објавуваат дека ќе ја преземат водечката улога во разговорите меѓу Русија и Украина
СледнаДобитник на Греми застрелан во Лондон