дома Македонија Економија Нови цени од полноќ, бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Нови цени од полноќ, бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика денеска со одлука за нови цени на горивата. Бензините поевтинуваат за два денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за денар ипол.

Со тоа, од полноќ новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 88 денари за литар.

Новата цена на дизелот ќе биде 87 денари за литар, а на Екстра лесното масло 89 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот чија цена паѓа за 0,609 денари и ќе изнесува 47,297 денари за килограм.

ПредходнаВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени
СледнаРастат трошоците на живот на месечно и на годишно ниво