Не мора секогаш да коментираме што кажуваат СДСМ, вели премиерот Христијан Мицкоски прашан да ги коментира пораките што вчера од конгресот ги испрати лидерот на СДСМ Венко Филипче.
– Жалам што некогаш државотворната партија се претвори во една група која се бори за да го заштити својот личен интерес, но тоа е што е. Тие одбрале таква политика, така да се однесуваат, ние тука не можеме ништо повеќе да сториме, изјави Мицкоски од Виница.

За СДСМ рече дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.
Лидерот на опозицијата Венко Филипче вчера на конгрес ја претстави новата платформа која се темели на три столба – европски процес, економско-социјална алтернатива и мобилизација на прогресивната јавност.
Во однос на евроинтеграциите на државата, Филипче рече дека народот мора да знае во кој правец ќе се движи државата.




