дома Македонија Мицкоски за СДСМ: Некогаш државотворна партија се претвори во група која се...

Мицкоски за СДСМ: Некогаш државотворна партија се претвори во група која се бори за лични интереси

Не мора секогаш да коментираме што кажуваат СДСМ, вели премиерот Христијан Мицкоски прашан да ги коментира пораките што вчера од конгресот ги испрати лидерот на СДСМ Венко Филипче.

– Жалам што некогаш државотворната партија се претвори во една група која се бори за да го заштити својот личен интерес, но тоа е што е. Тие одбрале таква политика, така да се однесуваат, ние тука не можеме ништо повеќе да сториме, изјави Мицкоски од Виница.

За СДСМ рече дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.

Лидерот на опозицијата Венко Филипче вчера на конгрес ја претстави новата платформа која се темели на три столба – европски процес, економско-социјална алтернатива и мобилизација на прогресивната јавност.

Во однос на евроинтеграциите на државата, Филипче рече дека народот мора да знае во кој правец ќе се движи државата.

 

 

 

 

ПредходнаЛукровски не е неоправдано отсутен, тврдат од Општината за „Слободен печат“
СледнаСтефановиќ (ССП) ги негираше наводите на Брнабиќ за самитот на ЕУ во Тиват, ѝ постави низа прашања за Вучиќ