Најмалку три лица загинаа во земјотрес со јачина од 7,8 степени што ги погоди Филипините денес.
Полицијата потврди дека најмалку пет лица се повредени, јавува Би-Би-Си.
Прелиминарната проценка е дека земјотресот оштетил 37 згради, претежно малопродажни објекти, од кои некои се целосно уништени.
Предупредување за цунами е издадено и на Филипините и на Индонезија.
Во Индонезија, тоа оттогаш е укинато, додека на Филипините останува на сила.
Цунами бранови со висина до 80 сантиметри се регистрирани во овие две земји.
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 45 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван исклучително силно и траел долго време.
Главниот земјотрес беше проследен со шест последователни потреси, со интензитет од 5,8 до 6,5 степени според Рихтеровата скала.




