дома Македонија Економија Растат трошоците на живот на месечно и на годишно ниво

Растат трошоците на живот на месечно и на годишно ниво

Инфлацијата во мај бележи раст на месечно ниво од 0,6 проценти, а на годишни ниво од 4,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан кај транспортот за 1,6 проценти и облеката и храната за 1 процент.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, намалување на трошоците на живот во мај во однос на април е забележан во групите Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.4 % и Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Владата засега не размислува за воведување на мерки насочени кон цените на прехранбените производи бидејќи според контролите на Пазарниот инспекторат има минимално зголемување на одредени производи.

ПредходнаНови цени од полноќ, бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
СледнаСудење Пулс: Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите на ДЗС за надзор, тврди Обвинителството