дома Свет Земјотрес 6,1 степени ја потресе Куба

Земјотрес 6,1 степени ја потресе Куба

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер ја погоди во понеделникот западна Куба, потресувајќи ги зградите во Хавана и околината.

Нема извештаи за повредени или поголема материјална штета.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри западно од главниот град, според американскиот Геолошки завод.

Најновиот земјотрес беше почувствуван и во Флорида, САД. Националната метеоролошка служба во Мајами доби неколку пријави за потреси во југозападниот дел од државата. 

ПредходнаНАСА објави фасцинантна, ретко видена глетка над Земјата
Следна31 загинат, 130 повредени, 12 исчезнати по земјотресот на Филипините