Под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“ од денеска до 12 јуни се одбележува Архивската недела која го нагласува значењето на архивите како активни чинители во зачувувањето на
колективната меморија, заштитата на правата на граѓаните и градењето на иднината.
Годинашното мото ја истакнува потребата архивите да бидат
отворени, достапни и поврзани со заедницата, покажувајќи дека тие не се само чувари на минатото, туку и важен фактор во развојот на современото општество.

По тој повод, Државниот архив организира серија настани посветени на промоциј на архивското наследство и неговата достапност за јавноста.
Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО.




