Чилеанските власти запленија повеќе од 100 тони дрога скриена во пратки дрва наменети за извоз во Европа, објави владата, опишувајќи ја операцијата како рекорд во историјата на земјата.

Според податоците на чилеанската влада, во операцијата се запленети пратки дрво импрегнирано со кокаин и кетамин, а вкупната количина е проценета на 108 тони наркотици, објави Фигаро.
Операцијата ја спроведе јавното обвинителство, поморската полиција и царината, во координирана операција во неколку пристаништа, вклучувајќи ги Сан Антонио, Валпараисо и Арика.
Властите изјавија дека доколку дрогата стигнела на европскиот пазар, ќе им биле потребни сложени хемиски процеси за да се извлече од дрвото во специјализирани лаборатории, а нивната вредност се проценува на повеќе од 8,3 милијарди долари.
Истрагата продолжува, а властите велат дека вкупната количина на запленета дрога би можела дополнително да се зголеми откако ќе се проверат сомнителните контејнери.




