дома Свет 31 загинат, 130 повредени, 12 исчезнати по земјотресот на Филипините

31 загинат, 130 повредени, 12 исчезнати по земјотресот на Филипините

Најмалку 31 лице загина, повеќе од 130 лица се повредени, а 12 други се водат како исчезнати по силниот  земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер што го погоди јужниот дел на Филипините во понеделник наутро, објави агенцијата Анадолија.

Земјотресот предизвика обемни штети во делови од Минданао, уривајќи згради, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија и вода и предизвикувајќи лизгање на земјиштето во неколку области.

Илјадници жители беа евакуирани.

 Неколку училишта и владини канцеларии ја прекинаа работата на денот кога требаше да биде почеток на новата учебна година.

Предупредувањето за цунами подоцна беше откажано .

ПредходнаЗемјотрес 6,1 степени ја потресе Куба
СледнаМарјан Даскаловски поднесе оставка од претседателското столче на СДСМ – Струмица