Израел и Иран повторно разменија напади, што е најсериозната ескалација од априлското примирје. Израел тврди дека погодил воени цели во западен и централен Иран откако пресретнал ирански ракети, додека Иран вели дека се одмаздува на израелските напади врз Бејрут.
Ова е развјот на настаните и најважните случувања:
- CNN: Додека Израел подготвуваше голем напад врз Техеран, Трамп се јавил на Нетанјаху и го убедил да се повлече
- Американски функционер: Не пресретнавме ирански балистички ракети испукани кон Израел
- Иран: Ако сатанската ционистичко-американска коалиција направи уште една грешка, регионот ќе стане пекол за нив
- Израел ги прекина нападите врз Иран на барање на Трамп
- Иран објави крај на нападите врз Израел
- Трамп: Израел и Иран мора веднаш да престанат со пукањето
- Ирански медиуми: Непријателски дрон соборен над Техеран
- Израелските одбранбени сили (ИДФ): Десетици израелски авиони извршија големи напади низ Иран
- Израел рано утрово изврши напади врз Иран
- Експлозии во Техеран, Исфахан, Тебриз и Караџ
- Израел нападна петрохемиски комплекс во југозападен Иран
- Хутите објавија забрана за израелски бродови во Црвеното Море
- Иран го нападна Израел синоќа по израелските напади врз Либан
- Израел пресретна ракета лансирана од Јемен
- Израел ги затвора премините кон Газа
- Трамп наводно го замолил Нетанјаху да не возвраќа веднаш против Иран

Израелската војска објави дека рој беспилотни летала биле лансирани од Јемен кон јужниот израелски град Еилат, предизвикувајќи сирени во градот. Потоа војската објави дека пресретнала „сомнителна воздушна цел“ што долетала од правец на Јемен и додаде во соопштението: „Инцидентот е завршен“.
Сирени за тревога се огласија и на север од Израел, во областите Ивен Менахем и Шомера. Армијата соопшти дека деталите за овие настани сè уште се истражуваат.
Пет лица загинаа, а осум се ранети во израелски напад врз градот Тир во јужен Либан, соопштија либански власти. Бројот на загинати го потврди Министерството за здравство, додека либанската национална новинска агенција објави за повредените.
Министерството, исто така, изјави дека меѓу жртвите се четворица болничари на Црвениот крст. Сепак, досега не е прецизирано дали се меѓу загинатите или ранетите.
Трамп: Не верувам дека Израел повторно ќе војува со Иран
Метјуз успеа да му постави само едно прашање на американскиот претседател: „Дали ќе застанете со Нетанјаху ако повторно војува со Иран?“ „Не верувам дека тоа ќе се случи. Сè оди многу добро. Иран го прави она што мора да го направи; не мислам дека тоа ќе се случи, во ред?“, одговори Трамп.
Напнатост во позадина
Најновите тензии се случија откако Хезболах започна напади врз северен Израел. Израел одговори со напад врз Бејрут, и покрај предупредувањата од САД. Целта беше јужното предградие на либанскиот главен град, Дахија, кое се смета за упориште на Хезболах.
Како одговор, Иран ги спроведе своите закани и го нападна Израел. Ова доведе до првата директна размена на оган меѓу Израел и Иран од прекинот на огнот договорен во април.





