
Според најновата прогноза на EIA, глобалните залихи на нафта ќе се намалат за 6,3 милиони барели дневно во текот на овој квартал, а за дополнителни 7,66 милиони барели дневно во третиот квартал.
Ормутскиот теснец продолжува да предизвикува проблеми
Аналитичарите велат дека енергетскиот систем морал интензивно да троши комерцијални и стратешки резерви во последните месеци, бидејќи сообраќајот низ Ормутскиот теснец останува строго ограничен.
Како резултат на тоа, нафтените залихи во 38-те земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) паднаа на најниско ниво откако Џорџ В. Буш беше претседател на САД.
Расте побарувачката за американска нафта
Многу земји ги зголемија своите купувања на американска нафта за време на кризата за да го надоместат недостигот на сурова нафта од Блискиот Исток.
ЕИА вели дека нето извозот на сурова нафта и нафтени производи од САД достигна рекордни 5,8 милиони барели дневно во април.
Американските власти очекуваат нето извозот да изнесува просечно 4,2 милиони барели дневно оваа година, што е значително повисоко од минатата година, кога изнесуваше 1,4 милиони барели дневно.




