Пратениците денеска ќе дебатираат за интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски која е ставена како прва точка на пленарната 104. седница.

Интерпелацијата ја поднесоа група на пратеници од редовите на опозициската СДСМ со образложение дека таа се поднесува поради сериозни, континуирани и веќе утврдени случаи коишто укажуваат на системска корупција, злоупотреба на службената должност, кршење на законите и сериозно нарушување на институциите кои се под капата на Министерството.




