Грчкиот парламент доцна синоќа донесе закон со кој ќе се забрза депортацијата на мигрантите чии барања за азил се одбиени и ќе им се овозможи да бидат вратени во „центри за враќање“ во земји надвор од Европската Унија, откако ќе се постигнат билатерални договори со трети земји.

Пратениците на Европската Унија и владите на земјите-членки минатата недела се согласија за нови правила што им дозволуваат на земјите да ги испраќаат мигрантите на кои им е наредено да ја напуштат ЕУ во центри во трети земји, објави Ројтерс.
Грчкиот министер за миграција, Танос Плеврис, изјави пред гласањето за законот во грчкиот парламент дека земјите-членки на ЕУ разговараат со трети земји каде што потенцијално би можеле да се формираат центри за прием на одбиени баратели на азил.
Плеврис рече дека грчката влада веќе разговарала за ова прашање „со две африкански земји“.




