
Скриншот: Западно крилоТрамп одговори на официјалното соопштение на американската војска за „одбранбени напади“ врз Иран со видео од минута и пол. Станува збор за сцена од серијата во која измислениот американски претседател Џед Бартлет, игран од Мартин Шин, разговара со своите помошници и воени советници како да реагираат откако американски воен авион ќе биде соборен над Сирија.
„Која е предноста на пропорционалниот одговор воопшто?“
ЌЕ има одмазда за секој напад порачува Техеран по последниот американски напад
Серијата како културна референца
Иако последната епизода од „Западното крило“ се емитуваше пред повеќе од 20 години, серијата останува важна културна референца за многу Американци. Некои денес ја опишуваат како „горчливо-слатка утеха“ во ерата на Трамп.
Кога Трамп ја презеде контролата врз Републиканската партија во 2016 година и ја започна својата прва претседателска кампања, новинарот Брајан Мојлан напиша интересен осврт на овој феномен за „Гардијан“: „Западното крило ни покажува свет во кој политичкиот систем всушност функционира“.
Според него, серијата потсетува на времето кога луѓето на политички функции ги сфаќаа своите работни места многу сериозно и навистина сакаа да управуваат со земјата, наместо да се впуштаат во меѓусебни спогодби и само да им се додворуваат на своите гласачи.




