дома Локално ДЗС: Целосно е локализиран пожарот во Штип

ДЗС: Целосно е локализиран пожарот во Штип

Пожарот што вчера избувна во Штип е целосно локализиран, информираат утрово од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во интервенцијата на пожарот, велат од ДЗС, не биле користени авиони бидејќи немало услови за тоа.

 Во гаснењето на пожарот, како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), биле вклучени 20 пожарникари од штипската Територијална противпожарна единица кои интервенирале со четири возила, 10 доброволци со четири возила од Противпожарното друштво-Штип, а помош имале и од шест пожарникари со две возила од Кочани и од една екипа од Свети Николе.

Брзата интервенција на пожарникарите го запре пожарот кој се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре, а кој поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак.

ПредходнаОвие 5 хороскопски знаци се родени за луксуз, но парите постојано им бегаат
СледнаНoва книга на МИЛЧО МАНЧЕВСКИ